Оџаклиеска на настан за вмрежување помеѓу македонски и германски компании и институции

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, говореше на хибридната средба за вмрежување помеѓу македонски и германски компании и институции, која се одржа денес во Скопје. 

Оџаклиеска на настан за вмрежување помеѓу македонски и германски компании и инстит

Целта на настанот беше размена на искуства меѓу македонските и германските компании и презентација на бизнис климата во С. Македонија пред германските инвеститори и презентирање на Програмата за стипендирање на млади професионалци.

- Германија е една од најголемите поддржувачи на нашата држава и е фокусирана на поттикнување на регионалната соработка и европската интеграција на регионот на Западен Балкан. Меѓународната соработка е клучна за регионален и локален економски развој на државите и го поддржува автономното спроведување на ЕУ политиките – изјави заменик министерката Оџаклиеска во нејзиното воведно обраќање.

3

Според неа, меѓународната соработка е неопходна и во полето на зачувување на биодиверзитетот и адаптацијата кон климатските промени, а од големо значење е и заедничкото делување и унапредувањето на соработката со соседните земји во однос на управување со водните ресурси, и постигнувањето на одржлив економски и рурален развој.

IMG-a1cea2715f1e78fcfa32e599b9277929-V

Настанот го организираше  Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АНК) и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).