ОТВОРЕН ЈАВЕН ПОВИК за избор на правни лица за издавање на ОВЛАСТУВАЊЕ за вршење на обука за полагање на испитите за управител и виш управител со отпад

Врз основа на член 47 став (5) од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 216/2022), Министерството за животна средина и просторно планирање објавува јавен повик за доставување на документација за избор на правни лица за издавање на ОВЛАСТУВАЊЕ за вршење на обука за полагање за управител и виш управител со отпад .

За стекнување на овластување за вршење на обука за полагање за управител за отпад и виш управител со отпад се поднесува барање на пропишан образец, достапен на веб-страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Кон барањето, задолжително се приложуваат следните документи:

  • простор опремен за одржување на обука;
  • технички капацитети за спроведување на обука;
  • курикулум наменет за обука и
  • најмалку три лица ангажирани за спроведување на обуката со минимум 10-годишно искуство од областа на техничките и природните науки, а поврзано со управување со отпад.

Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар, заедно со доказите за исполнување на критериумите, во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање на адреса на Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, Скопје, Република Северна Македонија, во затворен плик со назнака: до Сектор за правни и општи работи.

Правилникот за начинот на полагање на стручниот испит за управување со отпад, образецот на уверението и сертификатот, како и висината и начинот на плаќање на надоместокот за полагање на стручниот испит („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 35/2022)

Образец – Барање за издавање на овластување за вршење на обука за полагање за управител и виш управител за отпад