Обука за мониторинг и конзервација на преспанската пастрмка

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска ја отвори онлајн обуката за мониторинг и конзервација на преспанската пастрмка, што се реализира во рамките на проектот: “Мониторинг и конзервација на ендемската и загрозена пастрмка (Salmo peristericus) во Националниот Парк Пелистер и Преспанскиот регион”. Проектот е финансиран од PONT (Prespa Ohrid Natuture Trust) и CEPF (Critical Ecosystem Partnership Fund), а имплементатор е Балканска Фондација за Одржлив Развој (БФОР).

- Се надевам дека резултатите и податоците од проектот ќе ја збогатат научната база на податоци за Преспанската поточна пастрмка и ќе придонесат за утврдување на состојбата на популацијата од овој вид, а воедно ќе дадат значаен придонес и за ревидирање на Акциониот План за заштита на Преспанската поточна пастрмка – истакна Оџаклиеска во своето обраќање.

На обуката учествуваа експерти, претставници од научните институции, од Националниот Парк Пелистер, од општината Ресен, од невладините организации, студенти и други засенаги страни.