НУРЕДИНИ: Честитки на Пивара за 100 години успешно работење и за активностите и инвестирањето во заштитата на животната средина

По повод одбележувањето на 100 годишнината од постењето на Пивара Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини присуствуваше на денешната сесија што менаџментот на Пивара ја посвети на достигнувањата на оваа компанија во заштитата на животната средина и успешното партнерство со институциите, колективните постапувачи со отпад и други пријатели на животната средина.
НУРЕДИНИ Честитки на Пивара за 100 години успешно работење и за активностите и инвестирањето во заштитата на животната средина
Во присуство на високи претставници на управувачката структура, меѓу кои и главниот извршен директор на Групацијата Coca-Cola HBC AG Зоран Богдановиќ и извршниот директор за Европа во HEINEKEN Димитар Алексиев, министерот Нуредини упати честитки за јубилејот и им посака уште долги години успешна работа како компанија што посветува посебно внимание и инвестира во заштита на животната средина, особено во справувањето со отпадот од пакување.
1
„Чекорењето по тој пат на успешно постигнување на заедничките еколошки цели бара градење на силни партнерства“, порача Нуредини, нагласувајќи дека само со интерактивна соработка и размена искуства, идеи и иницијативи може да се постигнат видни резултати во справувањето со отпадот.