НУРЕДИНИ: Бугарската поддршка ќе се насочи кон решавање на индустриските жешки точки и аерозагадувањето

MZSPP_EU_1На денешната 3-та сесија на меѓувладината работна група за “Европска соработка – зелена транзиција и дигитална трансформација, владеење на право”, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на посебната седница со бугарскиот колега, вицепремиер за климатски политики и министер за животна средина и води на Р. Бугарија Борислав Сандов, разговараа за конкретни активности од областа на заштита на природата и управување со водите.

Билатералната соработка и активностите во овој дел, произлегуваат од двогодишната Програма за спроведување на Договорот меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и водите на Република Бугарија за соработка во областа на животната средина и управување со водите, потпишана на 10 март 2022 г. во Софија.
Заеднички е ставот дека продлабочување на билатералната соработка и во делот живтона средина има важна улога во евроинтегративниот процес на Северна Македонија, како и во имплементацијата на регулативата од Поглавјето 27.

Од страна на Бугарија, на МЖСПП и е понудена развојна техничка помош за Поглавјето 27, односно за зајакнување на институционалните и административните капацитети за водење на преговори за Поглавјето 27, што би била финансирана преку Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Во таа насока, на заедничката седница се дефинираа приоритетните теми за времетраењето на проектот, кој се предвидува да започне веднаш и да трае до април 2023г. Министерот Нуредини, како приоритени области во кои би се насочила поддршката, ги посочи индустриските жешки точки и справувањето со аерозагадувањето.