Неби Реџепи на Втората конференција за животна средина, социјална политика и владеење (ESG)

Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Неби Реџепи учествуваше на Втората конференција за животна средина, социјална политика и владеење (ЕSG) на тема: Креирање на одржливо деловно опкружување. Настанот е организиран од Американската стопанска комора во Северна Македонија (AmCham).

Nebi Rexhepi 1Во своето обраќање, тој истакна дека Законот за климатска акција е во владина постапка на донесување и се темели на законодавството на ЕУ за клима.

Реџепи се осврна и на усогласувањето на националното законодавство со законодавството на ЕУ во областа на климатските промени, како и во однос на преземените обврски кон ЕУ за активен придонес во глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови.

Меѓу другото, тој истакна дека донесувањето на Законот за климатски промени е многу важен исчекор.

Nebi Rexhepi 2