МЖСПП: Планот за повисоки еко-стандарди во одбраната пример како треба заштитата за животна средина да се интегрира во секторските политики

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше заедно со министерската за одбрана Славјанка Петровска и проф. Драган Миновски од универзитетската лабораторија АМБИКОН на штипскиот Универзитет, на конференција за печат на која беше промовиран Планот за повисоки еколошки стандарди во одбраната 2022-2024 година

eko standardi vo odbranata

По овој повод министеот Нуредини истакна:

  1. Денешниот прес има за цел да презентираме извонредно добар пример на интегрирање на политиките за заштита на животната средина во секторските политики на Министерството за одбрана. Изработка на ваков План за повисоки еколошки стандарди во одбраната 2022-2024 година, од аспект на животна средина обезбедува извонреден механизам не само за постигнување на повисоките еколошки стандарди што ги бара ЕУ и НАТО интеграцијата, туку исполнување и на програмските цели на Владата и потребите на сопственото население за здрава животна средина и зелен и одржлив социо-економски развој. Со овој Еко-план, од аспект на животна средина МО придонесува кон две важни определби – се постигнуваат поставените национални цели за подобрување на квалитетот на воздухот и се реализираат амбициозните национални цели за намалување на климатските промени за што како држава сме обврзани со Договорот од Париз и Ревидираните национали придонеси за намалување на нето емисиите стакленички гасови за 82% до 2030 година во споредба со нивоата од 1990 година.
  2. Во однос на реализација на мерките Програмата за подобрување на квалитетот на воздухот ќе потсетам дека имаме видно подобрување на квалитет на воздухот во последните неколку години. Сметаме дека тоа е резултат на реализираните мерки земајќи ги предвид и подобрите временски услови при правење на анализите. Нема да повторувам дека тој процес не дава резултати преку ноќ и дека треба време, туку ќе посочам дека сум задоволен што подготвеноста, преземањето на активности и обезбедувањето на финансии се подигна на повисоко ниво.
  1. Што е направено и што правиме ?

-    Детектирани се изворите на загадување, а со последната Студија за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје изработена од страна на Штипскиот Универзитет уште еднаш и научната фела го потврди истите,

-    Како Влада делуваме на изворите на аерозагадувањето, а истото го прават и дел од општините– доделени се низа субвенции од различни институции и на различни нивоа за замена на нееколошки системи за греење во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти,а и за домаќинствата, исто така доделени се средстава и за подобрување на енергетската ефикасност и во индивидуалните домаќинства и во јавните институции, инвестирано е во зголемување на урбаното зеленило и сл.

-    МЖСПП во изминативе две години комплетно го стави во функција Државниот мониторинг систем и го зголеми бројот на мерните станици на 21, од кои 2 мерни станици во Берово и во Прилеп што се ставија во функција на почетокот на годината, за прв пат се комплетно финансирани со сопствни средства преку Буџетот на МЖСПП.

-    МЖСПП ја подобри законската регулатива со што се предвидоа поголеми ингеренции но и обврски од страна на единиците на локалната самоуправа во областа, како и зголемување на санкциите за загадувачите.

  1. Очекувам дека со мултиплицирање на оваа добра пракса, видно ќе се забрзаат активностите поврзани со подобрување на функционалноста на јавните објекти која ќе придонесе и кон подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на емисија на стакленички гасови, но и ќе значи заштеда на енергија, заштеда на финансии и трансформација кон поодржлива, зелена економија.