МЖСПП: Започнува изработката на Акциониот план за управување со кафеава мечка

Министерство за животната средина и просторно планирање денес одржа иницијална работилница за изработка на Акционен план за управување со кафеавата мечка за територијата на нашата држава. Работилницата имаше за цел да се споделат информации за процесот на подготовка на Акционен план за кафеавата мечка во Северна Македонија, но и да се слушнат ставовите на засегнатите страни уште во раната фаза на неговата изработка.Akcionen plan_kafeava mecka

Настанот беше подржан и од реномирани експерти од Хрватска кои ги споделија искуствата за управување со мечките во земјите од ЕУ, како и од национални експерти кои ги презентираа податоците за состојбата на кафеавите мечки во нашата држава.Akcionen plan_kafeava mecka_1

Земено предвид дека неодамна се соочивме со предизвици поврзани со симнувањето на мечките во населени места и вознемирување на локалното население, како неодложна се јави потребата од изработка на ваков Акционен план, а се искористи можноста оваа активност да се реаизира преку имплементацијата на ИПА 2 проектот „Зајакнување на капацитетите за Натура 2000 и ЦИТЕС“ во кој една од активностите е „Изработка на акциски планови за живеалишта и видови“.Akcionen plan_kafeava mecka_2

На настанот присуствуваа претставници од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Државниот инспекторат за животна средина, Факултетот за ветеринарство, ЈП Национални шуми, претставници од Националните паркови и заштитените подрачја, ловечки здруженија, невладини организации и други институции и организации од државата кои работат со оваа проблематика.Akcionen plan_kafeava mecka_3Akcionen plan_kafeava mecka_4