МАПИРАНИ РИЗИЦИТЕ ОД КОРУПЦИЈА ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Заменик министрката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествуваше на настанот за презентација на анализата: „Мапирање на ризици од корупција во животната средина“ и  „Антикорупциска проверка на Законот за животната средина“, подготвени со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата – Македонија .

ZamenikMinister_nastan_korupcija vo zivotnata sredina

Анализите се однесуваат на настаните што ја одбележаа 2021 година во две ранливи области: здравство и животна средина.

„За ефективна борба против корупцијата во областа на животната средина и здравството, неопходен е детален осврт на утврдените ранливости кои оставаат простор за коруптивни дејствија во овие области. Од таа причина сметам дека анализите од ваков тип и транспарентните дискусии се добра алатка што ни овозможува на нас како креатори на политики да создадеме добра правна регулатива која воедно ќе делува и превентивно во однос на корупцијата“ рече Оџаклиеска во воведното обраќање, истакнувајќи дека Владата на РСМ покрај бројнита механизми за обезбедување на јавност и транспарентност на работата, исто така ивклучувањето на антикорупциски пристап во секторските анализи го смета како важен чекор во борбата со корупцијата.

Заменик министерката Оџаклиеска посочи дека Министерството за животна средина и просторно планирање активно учестуваше во изработка на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025, во рамки на која се изработи и Акциски план каде се дефинирани подрачја на ризици и детектирани тековни проблеми на кои МЖСПП ќе треба да посвети поголемо внимание и дејствија. Како најакутен детектиран проблем го посочи секторот отпад, односно делот на интергирано и регионално управување со отпад. Притоа информираше дека МЖСПП во тој правец интензивно работи и дека очекувано е надминување на овие ризици преку што поскоро воспоставување на функционални регионални центри за управување со отпад. Покрај управувањето со отпад, Оџаклиеска истакна дека стремежот на МЖСПП е насочен кон подобрување на управните постапки од кои произлегува издавање на сите видови лиценци, дозволи од областа на животна средина како превенција од идни евентуални неправилности во работењето и надминување на можните ризици од корупција.