Макрадули: Сакам да ги уверам жителите на Кисела Вода дека не постои никаква опасност

Ohis_havarija_Makraduli_1(09.11.2019г.) По вчерашните случувања во кругот на Охис, денес на повторно е направен увид од страна на Државниот инспекторат за животна средина и од Лабараторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, ангажирана од страна на судот, за надзор на процесот и начинот на кој се одвива чистењето. На увидот присуствуваше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски.

„Она што е констатирано е дека инцидентот е саниран, благодарение и на брзата реакција на сите надлежни институции. Станува збор за процес на чистење на 11 видови хемикалии, кој трае 9 месеци.Сите хемикалии кои се собрани се детално испитани, а целиот хлор е отстранет и изнесен, како и дел од другиот опасен отпад кој се наоѓал во кругот на Охис.  При тоа беше потенцирано дека ова е систем каде целосно се знае каде точно завршуваат сите овие хемикалии. Тие се препакуваат и како отпад се извезуваат надвор од државата. Откако ќе бидат собрани и обработени податоците од сите релевантни институции, ќе се донесе соодветно решение.

Сакам да ги уверам жителите на Кисела Вода дека не постои никаква опасност, а тоа и го покажуваат и мерења од страна на Лабараторијата АМБИКОН, направен со PID детектор за органиски испарливи компоненти кој покажа дека нема концентрација на метил акрилат мономер во зоната на објектот“ изјави Макрадули.