Консултативен состанок со граѓанскиот сектор за Нацрт – Законот за контрола на индустриски емисии

Денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска со претставници на граѓански организации кои работат во областа на животната средина, одржа консултативен состанок за донесувањето на новиот Закон за контрола на индустриски емисии, со цел на водење инклузивен процес при транспозиција на европската регулатува во нашето законодавство.

Консултативен состанок со граѓанскиот сектор за Нацрт - Законот за контрола на инд

Состанокот беше дел од подготвителните активности за изработка на Законот за контрола на индустриски емисии, а со цел во оваа рана фаза од подготовката на новото законско решение да се слушнат и вградат забелешките и предлозите од граѓанските организации, кои како засегната страна, преку денешната дебата ќе придонесат за подобрување на Нацрт – Законот. 

Заменик министерката Оџаклиеска во своето воведно обраќање истакна дека за Владата на РСМ и за Министерството за животна средина и просторно планирање, од највисок приоритет е транспарентноста и секако редовната и суштинска дебата и комуникација со граѓанските организации, кои преку своите предлози можат многу да придонесат во квалитативното подобрување на законските решенија, кои се носат во интерес на сите граѓани на нашата држава.

На консултативниот состанок учествуваа претставници од граѓански организации од РСМ, кои работат во областа на заштита и унапредување на животната средина.