Конкурс за Распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2024, активен од 31 Јануари до 19 Февруари 2024 година

  Министерство за животна средина и просторно планирање ја известува јавноста дека  се објавува Конкурс кој произлегува од Програмата за инвестирање во животна средина за 2024 година  (Службен весник на Република Северна Македонија” бр.12 од 18.01.2024 година).

Во рамките на Конкурсот, се прикачени барања за распределување на средства и заинтересираните субјекти  треба да ги достават на еден од обрасците кои се дадени во Прилог 1 и 2 соодветно според поднесителот и намената на средствата. 

 Последен ден на поднесување на документи е 19 февруари 2024 год.

Програма за инвестирање СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ бр.12 од 18.01.2024 стр.47-48

Конкурс за распределување на средства 2024

Изјава-за непостоење на судир на интерес – 2024

ПРИЛОГ 1 – Барање за добивање на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2024 година

ПРИЛОГ 2 ЕЛС – Барање за добивање на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2024 година