И годинава МЖСПП ќе се вклучи во волонтерската акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Mинистерката за животна средина и просторно плaнирање Kaja Шукова, денес во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа работен состанок со претставници на компанијата ‘’Man and mountain ’’ од Скопје.Generalka_vikend

Имено, компанијата ‘’Man and mountain” заедно со “ПАКОМАК” и граѓанската организација “Нула отпад”, се организатори на големата волонтерска еколошка акција во нашата држава, наречена “Генералка Викенд”. Целта на оваа веќе традиционална волонтерска акцијата е подигнувањенајавнатасвестзапотребатаодсобирањеирециклирањенаотпадота со тоа се стреми да придонесе за поубава, поздрава и почиста животнасредина.

Министерството за животна средина и просторно планирање од самиот почеток во 2021 година ја подржува волонтерската акција Генералка Викенд, па затоа и годинава сесрдно ќе помогне во организацијата и реализацијата на истата.

Оваа година акцијата ќе се спроведе од 12 до 14 мај во 50 општини, при што учество ќе земат над 10.000 волонтери кои ќе собираат и селектираат отпад. Во рамки на акцијата, за секои 10 килограми собран отпад ќе се засади по една садница, кои се обезбедени од “Национални шуми” во согласност со нивните годишни програми за пошумување, при што минатата година се засадени повеќе од 40.000 дрвја.