Информација за одржување на Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина на Проектот: Изградба на државен пат А4, подделница 2-изградба на автопат од клучката со локален пат за с.Блаце(клучка Блаце) до Скопје (клучка Стенковец) km 2+000 до km 12+500

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Јавно претпријатие за државни патишта со седиште на ул.Даме Груев бр.14 во Скопје достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Изградба на државен пат А4, подделница 2-изградба на автопат од клучката со локален пат за с.Блаце(клучка Блаце) до Скопје (клучка Стенковец) km 2+000 до km 12+500. Со проектот се предвидува изградба на државен пат А4, подделница 2-изградба на автопат од клучката со локален пат за с.Блаце(клучка Блаце) до Скопје(клучка Стенковец) km 2+000 до km 12+500 со вкупна должина од околу 10,5km.

Јавнатa расправa по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: Изградба на државен пат А4, подделница 2-изградба на автопат од клучката со локален пат за с.Блаце(клучка Блаце) до Скопје(клучка Стенковец) ќе се одржи на 10 мај 2022 година (вторник), во просториите наопштина Чучер Сандево со почеток во 11.00 часот.

Контакт лица:

Јавно претпријатие за државни патишта

Јоже Јовановски

тел: 078 242 319

е-маил: j.jovanovski@roads.org.mk,

 

Министерство за животна средина и просторнио планирање

Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје

 

Александар Петковски – Помошник раководител на Сектор за животна средина

Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје

тел: 076455460;

е-маил: a.petkovski@moepp.gov.mk