Интензивна работа на заштита на водите во полошкиот регион

(22.03.2016г) Денеска во општина Боговиње министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот Хазби Идризи потпишаа договори за финансирање на проектите за Реконструкција на водна кула – резервоар од системот за водоснабдување во н.м. Горно Седларце и за доизградба на канализационен систем за н.м. Пирок.

- Министерството за животна средина и просторно планирање работи посветено на решевање на проблемите со водоснабдување на населението со чиста вода за пиење како и на третманот на отпадните води и тоа не само во Полошкиот регион туку на територијата на целата држава – истакна министерот Изаири. Министерот Изаири и Градоначалникот Идризи ја истакнаа добрата соработка меѓу Министерството и Општината нагласувајќи дека таа ќе продолжи и во иднина во правец на систематско обезбедување на инфраструктурата неопгодна за поквалитетен живот на локалното население и за здрава животната средина.

Проектот се финансира преку Програмата за инвестиции во животната средина за 2016 г. и треба да бидат завршени во рок од три месеци.