Започнува имплементација на регионалниот проект за управување со отпад – Потпишан договор за доделување на седумстотини илјади евра неповратни средства како техничка помош на проектната единица на МЖСПП

Денес министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на Европската банка за обнова и развој за Република Северна Македонија Анди Аранитаси потпишаа договор со кој Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA) преку ЕБОР ни донираше неповратни средства во износ од седумстотини илјади евра.Potpisuvanje-Sukova-SIDA_1

Средствата се наменети исклучиво за целите на финансирање на консултантски услуги, како техничка помош на проектната единица на МЖСПП во постапката на реализација на регионалниот проект за цврст отпад за кој државата доби заем од ЕБОР во висина од 55 милиони евра.Potpisuvanje-Sukova-SIDA

Заемот ќе се реализира во две транши, за основање и развој на регионални системи за управување со отпад во пет административни региони во земјата. Државниот заем е доделен на Министерството за финансии, додека Министерството за животна средина и просторно планирање е субјект кој е одговорен за спроведувањето на проектот. Овој проект е првиот национален потфат во секторот управување со цврст отпад во Северна Македонија и важен чекор кон одржливо решение за услугите за управување со цврст отпад. Негова реализација значи воведување услуги за комунален цврст отпад во согласност со соодветните стандарди на ЕУ во секторот, што ќе опфатата популација од повеќе од еден милион жители во пет административни региони и 48 општини во државата. Како таков, Проектот е од единствена национална, регионална и еколошка важност за Северна Македонија и е идентификуван како национален приоритет во контекст на пристапувањето во ЕУ.Potpisuvanje-Sukova-SIDA_2

За директно искористување на шведскиот грантистовремено денес се потпиша и договор со консултантската куќа SUEZ Consulting (SAFEGE) од Р. Франција, која настапува како конзорциум со ЕПЕМ од Р. Грција, за обезбедување на консултантските услуги избрана согласно правилата за набавки на ЕБОР.

Задачата на консултантот SUEZ Consulting (SAFEGE) е да даде помош на проектната единица во МЖСПП, одговорна за реализација на заемот, во подготовка на докумантација за набавки, тендери и спроведување на договори, помош за усогласеност и обврски за известување според финансиските документи и поддршка за имплементација на документите поврзани со животната средина и социјалниот момент на проектот.