Започна изградбата на уште една делница од секундарната канализациона мрежа во Сарај

saraj 2 (19.02.2016) Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Сарај Беким Мурати, го означија започнувањето на градежните работи за дел од секундарната канализациона мрежа во н.м. Сарај, во општана Сарај.

Нагласувајќи дека активностите и инвестициите во заштитата на водните ресурси имаат приоритетно место и во програмата на Министерството за животна средина и просторно плнирање и на Владата на Република Македонија, министерот Изаири во своето обраќање истакна дека и изградбата на овој дел од секундарната канализациона мрежа е во правец на комплетно заокружување на канализационите системи во општина Сарај. Исто така, тој истакна дека ако се земе предвид дека е завршена и пречистителната станица за населените места Глумово и Шишево, тоа значи дека во голема мера се обезбедени подобри условите за живот на жителите на општина Сарај, но и заштита на водите на р. Треска и р. Вардар, како и заштита на подземните води особено на изворите за вода Рашче.

Изведбените работи се дел од проектот „Изградба на фекални канализациони системи за населените места Грчец, Шишево и Сарај во општина Сарај“. Средствата во висина од 3 милиони денари се обезбедени од Инвестиционата програма на Министерството за 2015 година, а останатите се сопствено учество на општината.