Заменик министерката Оџаклиеска на работилницата за проектот “Одржливо управување со отпадот на локално ниво”

- Долгогодишниот проблем на управување со отпадот во земјава бара силна поддршка и од највисоките владини органи. Истражувањето на сите достапни извори за финансирање на скапите инвестиции во управувањето со отпадот треба и ќе продолжи да биде меѓу приоритетите на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за животна средиона и просторно планирање – нагласи заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска на работилницата што, во рамките на проектот “Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, се одржа денес во Охрид.  

Заменик министерката Оџаклиеска на работилницата за проектот “Одржливо управување

На настанот присуствуваа директорот  за развојна соработка при Шведската Агенција за меѓународна соработка (СИДА), Микаел Атерхог, заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, градоначалници и претставници од општините во Пелагонискиот и Југозападниот Регион, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за локална самоуправа, претставници од Центрите за регионален развој, како и од ЗЕЛС.

IMG_20220525_183602

Истакнувајќи дека состојбите со управувањето со отпадот можат да се надминат само преку координирани активности на централно и локално ниво, заменик министерката Оџаклиеска во своето воведно обраќање додаде:

- Воспоставувањето на регионален систем за управување со отпадот ќе овозможи подобра контрола на активностите за управување со отпадот преку намалување на количината на отпад која се одложува на депонија и секако, преку рециклирањето, повеќекратно искористување на отпадот како суровина. Со тоа, се создаваат можности за отворање на нови зелени работни места во индустријата за отпад и секако обезбедување на економски раст. Тоа е патоказот за транзиција од еднонасочна кон циркуларна економија. 

IMG_20220525_183640

Проектот, на иницијатива на Шведската асоцијација на општини и региони (SALAR) и со финансиска подршка од Шведската Агенција за мeѓународна соработка, ќе се имплементира во Северна Македонија во периодот од 2022 до 2026 година. 

IMG-2a4f318ae9c1adc77ac69fda7e7e2657-V

Главниот фокус на проектот е подобрување и координирање на активностите на централно и локално ниво во интерес на воспоставување на системот за управување со отпад и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во државата.