НУРЕДИНИ: Поставувањето на ветерни и фотоволтаични централи мора да биде на деградирано земјиште и со најмало влијание виз животнатa средина и зaедниците

Министерот Нуредини учествуваше на настанот на кој се презентираа резултатите од „Истражувањето на можностите за енергетски решенија со минимално влијание врз животната средина во Северна Македонија“ што се спроведе како соработка на  Македонската академија на науките и уметностите и Центарот за истражување и информирање во животната средина Еко-Свест и глобалната организација The Nature Conservancy. 

НУРЕДИНИ Поставувањето на ветерни и фотоволтаични централи мора да биде на деград

Во ова прва фаза на проектот се изработени научни правни, финансиски анализи и дефинирана е методологијата за одредување на потенцијалот на можни локации за поставување на ветерни и фотоволтаични централи, пред се на деградирано земјиште на напуштени или постоечки рудници. 

Утврдување на поволни локации со користење на научно поставена методологија која вклучува повеќе важни фактори што овозможуваат проценка на енергетскиот потенцијал и рангирање на одредена локација, а при тоа водат сметка за најмалото влијание врз животната средина и заедниците, може да биде важна алатка која ќе придонесе конзабрзување на примена на обновливи извори на енергија, правилна и полесна зелена енергетска транзиција. 

IMG_20220525_151738

Посочувајќи дека нашите национални определби во правец на зелена транзиција на економијата, во делот на климатската акција  и во постигнување на целите за декарбонизација се јасно зацртани во Националната стратегија за развој на енергетика до 2040 година, Националниот план за енергија и клима, потоа во амбициозниот Ревидиран национален придонес кон Договорот од Париз, како и со Долгорочната стратегија за климатска акција,  министерот Нуредини потенцираше дека за нивно постигнување мора брзо да делуваме и да создадеме поволни услови доколку сакаме економијата, особено приватниот сектор да бидат подготвени за предизвиците што не очекуваат.

IMG_20220525_151754

Поздравувајќи ги напорите на академската заедница и другите носители на проектот министерот Нуредини укажа на важноста на ваквите анализи во планирањето на енергетиката особено во делот на идентификувње на можни локации за изградба на фотоволтаични или ветерни централи кои ќе бидат поволни за нивно поставување, но ќе бидат на деградирано земјиште и ќе овозможат планирање на развој на енергетика без негативно влијание врз животната средина и искористување на плодно земјоделско земјиште кое има друга многу важна употреба вредност. Toa ќе го скрaти и времето и финансиските трошоци потребни за нивна реализација.