Завршно обраќање на Нурхан Изаири, министер за животна средина и просторно планирање – заклучоци од Меѓународната конференција за управување со отпад

DSC_0443Почитувани присутни,

Во изминатите години, во Република Македонија, многу интезивно се работи на   решавање на прашањата поврзани со управувањето со отпадот кое е од приоритетно значење. За таа цел се организираат меѓународни конференции со цел размена на искуствата со останатите земји во регионот и во Европската Унија. Ваквите конференции се добри од два аспекта: од една страна може да се разбере како се управува со отпадот во развиените земји, кои се грешките што тие ги направиле и што може да се научи од нив, но од друга страна да се спореди Република Македонија со останатите земји во регионот и да се изнајде заеднички начин за надминување на проблемите, кои очигледно, според излагањето се идентични.

На оваа конференција имавте можност да слушнете и за постигнување на законските цели на Европската Унија како алатка за планирање на управувањето со отпад и за стратегиите за нула отпад како глобална визија на локалните институции. За современите политики, во доменот на управување со отпадот, освен како генератор на негативни влијанија врз животната средина, отпадот се разгледува и како ресурс. Дел од материјалите кои влегуваат во составот на отпадот можат да се употребат за производство на нови производи или на енергија, овозможувајќи на тој начин зачувување на необновливите природни ресурси. Бидејќи невозможно е да не се генерира отпад, мора да почнеме да размислуваме во однос на истиот како суровина, која може повторно да се употреби. На оваа тема имаше доста интересни презентации од странски експрети , додека македонските експерти, посебен акцент дадоа на можностите за повторно користење на градежиот отпад, отпадот од дрвото, од палетите итн.

DSC_0439  DSC_0446

Се надевам дека искуствата кои ги размениве во изминативе два дена ќе ни помогнат во одредувањена правецот по кој треба да се движиме и начинот на кој треба да постапуваме при градењето на ефикасни и ефективни системи за управување со отпадот.

Од нашите политики, стратешки определби и разменетите искуствата во текот на оваа конференција, како заклучок би го издвоил следново:

  1. Поттикнувањето и развојот на управувањето со отпад на регионално ниво, согласно Стратегијата за управување со отпад и Планот за управување со отпад, е наша приоритетна цел. Компарирајќи го искуството со останатите земји во регионот и пошироко, дефинитивно можеме да заклучиме дека регионалното управување со отпадот е најповолен систем, како интегрирано решение за собирање на отпадот од страна на комуналните претпријатија, селектирањето, транспортот и конечно депонирањето на регионални депонии, изградени согласно со стандардите кои треба да ги исполнуваат овие инсталации.
  2. Општините, преку своите Меѓуопштински одбори за управување со отпад и Регионални центри, задолжително да започнат воспоставување на систем за управување со отпад на регионално ниво. Потребно е да се уредат меѓусебните права и обврски на општините за воспоставување и обезбедување на условите за функционирање на регионалното управување со отпадот (начинот на здружување на финансиските и материјалните средства, начинот на донесување на одлуките итн.).
  3. Конечно, искуствата од успешно управување со отпад во регионот се насоки кои треба да се следат. Меѓу нив, согласно актуелната регулатива во ЕУ, обврзно е сепарирање на отпад (пластичен, органски, метал, хартија, останато) веќе во домаќинствата (без оглед дали домуваат до индивидуални или колективни станбени згради), во наменски канти чија достава и набавка ја врши општината, а за што во рамките на ЕУ-фондови има средства на располагање. Во актуелните случувања во областа на депонирање и сепарирање на отпад се вбројуваат и апликации за мобилни телефони во кои лежи иднината и за комуникација и за добивање информации за мапирани позиции на депонии (со нивни фотографии), места за одлагање на сепариран отпад (на пр., батерии), оддалеченост од моментална положба, најава на настани поврзани со справување и управување со отпад, прикажување на компании кои промовираат и спонзорираат управување со отпад итн. Во секој случај, за успешно управување со отпад неопходна е долготрајна стратегија со вклучување на сите засегнати страни, институции, стручни лица и истражувачи, но бара и истрајност со оглед дека видливи резултати треба да се очекуваат после неколку години, како што покажува искуството од повеќе градови во Словенија, Грција, Швајцарија, каде отпадот воопшто и не останува да се депонирабидејќи континуирано се третира, преку селектирање, компостирање, рециклирање и согорување за добивање електрична енергија.