Соопштение за јавноста 31.10.2018 год.

Ве известуваме дека државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, утре, на 01.11.2018г. (четврток) ќе се обрати на отварањето на научната конфренција на тема „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“. Конференцијата е во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Истражувачкиот центар за животна средина и материјали.

Конференцијата ќе се одржи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), со почеток во 09.00 часот.

Ве покануваме со ваши екипи да присуствувате на настанот.