Министерот Изаири се сретна со директорот на мисијата на УСАИД во РМ, г-дин Стајн

(31.08.2015) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, денеска, во просториите на Министерството, оствари работна средба со директорот на мисијата на УСАИД во Р. Македонија, г-дин Џејмс Стајн.

На средбата двете страни разговараа за продлабочување на соработката во доменот на водите, енергетските ресурси, и климатските промени, при што изразија задоволство од досегашната соработка.