Изаири: Потребни се реформи во системот на управување со отпад

IMG_0416[1](10.09.2015г.) – Со цел да се овозможи здрава животна средина и здрави поколенија, потребно е да се воведат реформи во системот на управување со отпад. Реализацијата на проектите за кои денес дикутираме е само една алатка во низата на измени кои допрва следуваат – истакна министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, на работниот состанок со градоначалниците на Источниот и Североисточниот плански регион, на кој се дискутираше за два проекти финасирани во рамките на ИПА програмата: „Подготовка на техничка и тендерска документација за затворање на диви депонии во Источниот и Североисточниот регион“ и “Подготовка на технички спецификации за набавка на опрема за собирање и транспортирање на отпад во Источниот и Североисточниот регион“.

Во однос на првонаведениот проект, досега е направена проценка на постоечката состојба на несодветните депонии и нелегалните ѓубришта во тие региони. Врз основа на оваа проценка, на состанокот засегнатите страни отворија дискусија за затворање, рехабилитација и одржување на несодветните депонии и нелегалните ѓубришта во Источниот и Североисточниот регион во РМ.

Подготовката, пак на технички спецификации за набавка на опрема за собирање и транспортирање на отпад во Источниот и Североисточниот регион, е во тек и се планира да се реализира во 2016 година.

Според предвидената динамика, општините од овие региони до крајот на септември 2015 година треба да донесат одлуки за привремено отстранување на комуналниот отпад, кои ќе бидат на сила се до изградбата на новите депонии. Дел од општините треба да донесат одлуки за прифаќање на комуналниот отпад од други општини во нивните депонии, додека останатите совети на општини треба да изгласаат остранување на отпадот во депонии кои се надвор од нивното подрачје.

За Министерството за животна средина и простоно планирање успешното реализирање на овие проекти претставува услов за преземање на понатамошни чекори и обезбедување на средства за реализација на интегриран систем за управување со отпад во овие два региони.