Министерот Изаири оствари работна средба со Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Г-дин Замир Дика

DSC_1024Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денес 18.12.2014 година (четврток) оствари работна средба со Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Г-дин Замир Дика при што се разговараше за унапредување на соработката помеѓу двете институции на полето на заштитата на животната средина. Темите на кој се посвети посебно внимание во заедничката соработка во наредниот период за кој ќе се потпише и меморандум за соработка се:

-       Партнерство во креирање на курикулуми за животна средина и климатски промени во постојните додипломски и постдипломски студии.

-       Реализација на тренинзи за индустријата во рамките на ЕУ-ЕТС проектот со Норвешка

-       Заедничка соработка како помош на Општина Тетово во процесот нас издавање на Б- Интегрирани дозволи.

-       Можност за изработка и реализација на кампања за подигнување на јавната свест за загадување на воздухот и правилното постапување со отпадот во Тетово.

-       Развивање на регионална стратегија заобразование за одржлив развој.

-       Заедничко учество во истражувачки проекти во делот на управувањето со комуналниот и други текови на отпад.

-       Организирање на работилници за правилно постапување со отпадот за посебни заинтересирани страни.

-       Учество на експерти од Министерството по различни медиуми како (предавачи)во наставниот процес.