Оџаклиеска на состанок за проектот „Патоказ за вашата еко-паметна општина“

Заменик министерката за животна средина Христина Оџаклиеска денес одржа состанок со претставници на здружението Центар за климатски промени кое активно работи за заштита на животната средина. Тема на состанокот беа активностите во рамки на проектот „Патоказ за вашата еко-паметна општина“, кој го спроведува Центарот за климатски промени, а е финансиран од Американската Амбасада во Скопје. … Прочитај повеќе »

СООПШТЕНИЕ за одржување Јавна расправа за Нацрт на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува јавноста дека Работна група формирана од Владата на Република Северна Македонија изработи прва Нацрт верзија на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, што е во согласност со Одлуката (44 COM 7B.77) донесена на 44-та сесија на Комитетот на светско наследство… Прочитај повеќе »

НУРЕДИНИ: Инвестираме во капитални и инфраструктурни проекти коишто даваат позитивни резултати за граѓаните и државата

Министерството за животна средина и просторно планирање продолжува со обезбедување средства и реализација на капитални инфраструктурни проекти што ќе обезбедат не само заштита на животната средина, туку и директно ќе влијаат во подобрување на условите за живеење на граѓаните во целата држава, како и за идните генерации. Во изминатиов три години преку МЖСПП средствата за… Прочитај повеќе »