СООПШТЕНИЕ за одржување Јавна расправа за Нацрт на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува јавноста дека Работна група формирана од Владата на Република Северна Македонија изработи прва Нацрт верзија на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, што е во согласност со Одлуката (44 COM 7B.77) донесена на 44-та сесија на Комитетот на светско наследство одржана во Фужу, Кина (2021 година).

Нацрт верзијата на Стратегискиот план е објавена на веб страницата на МЖСПП (25 октомври) и е достапна на следниот линк:https://bit.ly/3A9bk4M .

Јавна расправа за Нацрт верзија на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион ќе се одржи на ЗООM платформата на 21 ноември 2022г, од 12:00 – 14:00 часот.

Линк: https://us06web.zoom.us/j/87137231092?pwd=MVVUeUw0TGtZamdUNFdZV0FmOVFqUT09

(Meeting ID: 871 3723 1092 Passcode: 773406)

Забелешки, мислења и предлози во однос на документот може да се дадат на јавната расправа, да се достават на следната електронска адреса: infoeko@moepp.gov.mkи skj.mzspp@gmail.com или по пошта на адреса на Министерството „Плоштад Пресвета Богородица“ бр.3 Скопје.