Tрибина „Зачувување на животната средина значи зачувување на нашето физичко и ментално здравје“

127764222_379611833354196_108190705996657306_nСо ставот дека се почнува со нас, како поединеци, како граѓани и како дел од општеството и дека е од големо значење поврзувањето на здравјето и животната средина, особено во услови на глобална пандемија со која се справуваме, министерот Нуредини го започна обраќањето на вчерашната онлајн трибина „Зачувување на животната средина значи зачувување на нашето физичко и ментално здравје“ спроведена од Здружението „Амигдала“ во соработка со „Љубов сме – Jemi dashuri“ .

„Наша обрвска како влада, обврска на сите инволвирани институции на национално и на локално ниво е да се бориме за чиста животна средина и никогаш да не ги политизираме темите важни за добросостојбата на нашите граѓани и идните генерации“ рече Нуредини, нагласувајќи дека заштитата на животната средина бара секојдневни инвестиции и дека секој ден во кој не е вложено во неа веќе наредниот ден дава негативни последици.

При тоа, се согласи дека аерозагадувањето е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваме особено во зимскиот период и на кој Министертството како јавен сервис што има улога да им служи на граѓаните, интензивно работи во текот на целата година. Но за жал, според него не постојат брзи решенија кои ќе дадат резултат од денес за утре, туку е потребно детектирање на изворите на загадувањето и спроведување на стратешките решенија за промена на начините на затоплување на јавните објекти и домаќинствата, во користењето на автомобилите, промени во работата на индустријата и многу, многу инвестиции и труд. Само на тој начин ќе може од година на година да се справиме со овој предизвик на модерното урбано живеење и да ги намалиме негативните ефекти врз природата и врз здравјето на луѓето.

127278859_746493349295673_1965552326244525207_nКлучот на сето тоа, според Нуредини е во учеството и одговорност на секој поединец во намалување на загадувањето и секој ден во кој не сме се вложиле заштитата на животната средина негативна влијае врз нашето здравје.

На настанот, посветен на унапредувањето на соработката меѓу здравствениот и еколошкиот сектор со цел да се заштити и унапреди човековото здравје, свои обраќања имаа и првата дама во нашата држава Елизабета Ѓорѓиевска, заменик министерот за здравство Илир Хасани, директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и други видни личности во областа.