Mинистерот Изаири ги претстави тековните и идни проекти на Министерството за животна средина и просторно планирање

3На денешната прес-конференција, по повод отчетот за работата на Министерството за животна средина и просторно планирање во првите 100 дена од новата Влада, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири ги информираше медиумите и јавноста за степенот на реализација на проектите, како и за актуелните состојби во животната средина.

 По тој повод, Министерот  информираше:

„Заштитата на животната средина и одржливиот развој се меѓу водечките приоритети на Владата на Република Македонија, и во однос на обезбедувањето на основното право на човекот да живее во чиста и здрава животна средина и во однос на исполнувањето на целта на Република Македонијада пристапи кон Европската Унија.

Во таа смисла, процесот на приближување кон Европската Унија наметна значителни обврски во однос на зголемување на степенот на инвестиции во животната средина, но и во процесите кои треба да се спроведат за подобрување на капацитетите, институционално преструктурирање и зајакнување на администрацијата на централно и локално ниво, но и на сите останати партнери кои се активно вклучени во процесите. Во насока на воспоставување на концептот за одржлив развој, Владата разви детален стратешки пристап кон патот на стабилен економски раст, паралелно со социјални подобрувања и заштита на животната средина.  Вградувањето на заштитата на животната средина во останатите секторски политики ќе обезбеди поодржлив развој на различните сектори на ефикасен и економичен начин.

 Владата на РМ во областа на животната средина имлементира низа мерки и активности во насока на:

-          Продолжување со процесот на приближување кон  политиките на ЕУ во областа на животната средина.

-          Развивање на политики во животната средина, односно развивање на плански и стратешки документи во областите на животната средина . 

-          Во насока на имплементација на политики од областа на животната средина, значителни мерки треба да се реализираат за:

  • Воспоставување на интегрирани систем за управување со отпад
  • Воспоставување на системи за интегрирано управување со води (по речен слив) и третман на отпадни води
  • Заштита на природата и биолошката разновидност
  • Заштита на воздухот од загадување
  • Воспоставување на мониторинг на сите медиуми од животната средина

-       Зголемување на степенот на капитални инвестиции во областа на животна средина, особено во делот на управување со води и отпад

-         Зајакнување на административните структури потребни за обезбедување на ефикасно управување со животната средина.

 Согласно наведеното, Министерството за животна средина и просторно планирање ги спроведува и планира  следните капитални проекти:

-          Капитални инфраструктурни проекти во областа водоснабдување (водоводи): тековни 8, а планирани 2

-          Капитални инфраструктурни проекти во областа собирање на отпадни води  (канализации): тековни 8, а планирани 3

-          Проекти за подготовака на проектна документација во областа собирање на отпадни води  (канализации): тековни нема, а планирани 2

-          Капитални инфраструктурни проекти во областа третман на отпадни води (пречистителни станици): тековни 5, а планирани 4

-          Проекти за подготовка на проектна документација во областа третман на отпадни води (пречистителни станици): тековни 6, а планирани 1

-          Проекти за управување со води на основа на речен слив: тековни 4, планирани нема

-          Прокети за управување со отпад: тековни 2, планиран 1

-          Проекти во делот на заштита на природата: тековни 4, планирани 4

-          Проекти за заштита на воздухот од загадување: еден тековен кој се реализаира континуирано. “

Исто така на пресот министерот Изаири го најави стартувањето на есенската акција на кампањата „Македонија без отпад 2014“, кој ќе се спроведе во сабота на 18.10.2014 година, како заденичка активност на Министерството за животна средина и просторно планирање  и Асоцијацијата Ајде Македонија, а ќе се спроведува на територијата на целата Република.

При тоа Министерот потенцираше дека кампањата  има за цел да иницира:

  • чистење на отпадот кој се наоѓа на несоодветни места во околината,
  • да развие свест кај граѓаните за правилно управување со отпадот и
  • да развие механизми за поддршка на граѓаните, општините и другите засегнати групи за подобро да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање отпад во нивните заедници.

 Во активностите, активно се вклучени локалните самоуправи со јавните претпријатија, националните институции членки на Координативното тело, невладините организации и граѓаните, а се очекува поддршка и од дипломатскиот кор и пратениците во Собранието на РМ.

Досега се пријавени повеќе од 60% од општините, а  деновиве очекуваме процентот да порасне над 90% учество од страна на општините, кои веќе ги пријавуваат локациите на кои ќе се спроведе акцијата.  Невладините организации, извидничките одреди и членовите на мировниот корпус се веќе мобилизирани на повеќе локации низ Македонија, а учениците ја собираат старата хартија и пластиката на пунктовите во своите училиштата.

 Централниот настан на „Македонија без отпад 2014„ ќе се одржи во о.Карпош на  кејот на реката Вардар кај пешачкиот мост Газела,  со почеток во 11:30 часот.

СЛУЖБА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ