Јавен повик за избор на експерт за изработка на СЕА за НПУО (2020-2026)

Министерството за животна средина и просторно планирање објавува Јавен повик за избор на експерт за изработка на СЕА за НПУО (2020-2026)

Заради подготовка на Извештај за стратегиска оцена на животната средина за предлог Националниот план за управување со отпад НПУО (2020-2026), подготвен од страна на Министерствството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), пред да биде доставен на усвојување до Владата на РСМ, МЖСПП распишува јавен повик за доставување на понуди за избор на Експерт за стратегиска оцена на животната средина (физичко лице кое има положено стручен испит за оцена на плански документ врз животната средина и кое е ставено на Листата на експерти за стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно со членот 85 од Законот за животна средина) кој  ќе треба да ги реализира следните активности:

• Подготовка на Нацрт извештај за Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за НПУО (2020-2026) во согласност со релевантното национално законодавство во областа на животната срединa;

• Поддршка на МЖСПП во текот на процесот на јавна консултација, во врска со сите потребни информации и појаснувања поврзани со подготвениот НПУО (2020-2026);

• Поддршка на МЖСПП на крајот од процесот на консултацијата, вклучување на сите релевантни предлози, наоди и мислења во финалната верзија на НПУО (2020-2026) доставени во текот на јавните расправи и

• Подготвен и одобрен Извештај за стратегиска оцена на животната средина за НПУО (2020-2026) во согласност со националната регулатива во областа на животната средина.

Индикативен временски распоред:

Ангажманот е предвидено да трае максимум до 40 работни дена, од кои 10 би биле посветени на процесот на консултации со јавноста.

Јавните расправи се планирани да се одржат во најкус можен рок по подготовката на Нацрт-Извештајот, по завршувањето на вонредната состојба, односно повлекувањето на забраната за одржување на јавни собири.

Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните критериуми:

• Да поседува Сертификат дека е експерт од Листата на експерти за стратегиска оцена на животната средина,

• Директно искуство во подготовка на најмалку (3) стратешки проценки на животната средина, од кои најмалку три (3) за проекти за управување со отпад и најмалку една (1) во последните две (2) години.

Максималниот предвиден буџет за оваа намена изнесува 1.000 евра без вклучен ДДВ.

Понудата се изразува во денари. Заедно со понудата, понудувачот доставува копии од договори за подготовка на најмалку (3) стратешки проценки на животната средина, од кои најмалку три (3) за проекти за управување со отпад и најмалку една (1) во последните две (2) години.

Краен рок за доставување на понудите е 24.04.2020 година и истите се доставуваат по електронски пат на следнава меил адреса a.karanfilova@moepp.gov.mk

Лице за контакт кај договорниот орган е Ана Каранфилова, телефон 02/3251-463, електронска адреса a.karanfilova@moepp.gov.mk