Шукова на средба со градоначаникот на Општина Пласница

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска оствари средба со градоначаникот на Општина Пласница, Алија Јаоски.

На средбата се дискутираше за активностите за имплементирање на мерки  на локално ниво кои ќе помогнат за подобрување на состојбата со животната средина во општината, особено во делот на расчистување на речните корита и решавање на проблемот со дивите депонии во регионот.

Шукова на средба со градоначаникот на Општина ПласницаМинистерката Шукова информираше за начините на кои Министерството за животна средина и просторно планирање може да ја поддржи општината, и нагласи дека интензивната соработка помеѓу институциите на национално и локално ниво е клучна за имплементација на активности кои ќе придонесат за поквалитетен живот на сите граѓани во општината, но и за одржлив развој на самата општина.