Шукова: МЖСПП е отворено за поддршка на општините Средба со градоначалникот на Тетово, Билал Касами

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова се сретна со градоначалникот на општина Тетово Билал Касами на која разговараа за тековните и идните планирани проекти во Полошкиот регион и начините на соработка меѓу Општината и Министерството. 

Шукова: МЖСПП е отворено за поддршка на општините  Средба со градоначалникот на Тетово, Билал Касами

Шукова: МЖСПП е отворено за поддршка на општините
Средба со градоначалникот на Тетово, Билал Касами

Во фокусот на разговорите беа големите инфраструктурни проекти, пред се проектот за изградба на пречистителна станица за отпадни води, колекторски систем и канализациона мрежа за Тетово, што е проектиран во ИПА 2 Програмата. Од страна на МЖСПП, градоначалникот Касами беше информиран за предусловите што општината мора да ги исполни за да започне имплементацијата на проектот. 

DSC_0008[1]Се разговараше и за состојбите со управувањето со отпад во Полошкиот регион,  за работата на јавното регионално претпријатие ЗЈП „Русино/Полог“  и предизвиците со кои се соочува и претпријатието и општината во однос на регионалното управување со отпад. Градоначалникот Касами ги најави и плановите на општина Тетово во однос на унапредувањето на јавните комунални услуги, пред се примарната селекција со отпад и други проекти поврзани со отпадот. 

DSC_0001[1]МЖСПП информирааше за сите механизми со кои може да ја помогне општината во реализација на поставените цели , со посебен осврт на тековните Програми, начините на аплицирање и користење на средтвата од нив.