Шукова: Инвестираме во подобрување на условите за живење на граѓаните

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова заедно со  градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ  беа во обиколка на изградениот канализационен систем во с.Побожје, општина Чучер Сандево.

1 Шукова: Инвестираме во подобрување на условите за живење на граѓаните„Во интерес на граѓаните, во интерес на општината, проектот е навремено спроведен со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање, односно со средства што Владата ги додели на општината за реализација на овој проект. Тука не застануваме, туку продолжуваме и во 2024 година со втората фаза од проектот за затварање на канализационата мрежа за ова населено место со што граѓаните ќе добијат подобри услови за живеење“ изјави министерката Шукова.

2 Шукова: Инвестираме во подобрување на условите за живење на граѓанитеПрвата фаза од проектот е финансиски подржана од Министерството за животна средина и просторно планирање со средства од Програмата за инвестирање за животната средина за 2023 година во висина од  6 милиони денари.

Видео изјава  на министерката Шукова:    https://youtu.be/o1FrPIMG96s