Средба Оџаклиеска -Стафилов: Состојбите со жешките точки во државата

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска имаше работна средба со професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет,  со кој разговараа за состојбатаво животната средина во нашата држава, со посебен осврт на историското загадување од поранешните индустриски гиганти, што ги наследивме како жешки точки и за чие што расчистување се потребни големи финансиски ресурси.

На настанот, Стафилов го презентираше Геохемискиот атлас на почвите во Република Северна Македонија.

1 Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска имаше работна средба со професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет,  со кој разговараа за состојбата во животната средина во нашата држава, со посебен осврт на историското загадување од поранешните индустриски гиганти, што ги наследивме како жешки точки и за чие што расчистување се потребни големи финансиски ресурси.  На настанот, Стафилов го презентираше Геохемискиот атлас на почвите во Република Северна Македонија. Тој појасни дека Атласот, кој ги содржи основните геохемиски карактеристики на почвите од целата теритирија на државата, ќе им помогне на сите оние кои имаат интерес за одржливо користење на почвата, но и во борбата против загадувањето со тешки метали во одделни области од нашата држава. Според заменик министерката Оџаклиеска, научните истражувања се основа за креирање на одржливи политики во процесот на справување со загадувањето на животната средина  во насока на заштита на здравјето на луѓето.Тој појасни дека Атласот, кој ги содржи основните геохемиски карактеристики на почвите од целата теритирија на државата, ќе им помогне на сите оние кои имаат интерес за одржливо користење на почвата, но и во борбата против загадувањето со тешки метали во одделни области од нашата држава.

Според заменик министерката Оџаклиеска, научните истражувања се основа за креирање на одржливи политики во процесот на справување со загадувањето на животната средина  во насока на заштита на здравјето на луѓето.