Средба на министерот Нуредини со чашкиот амбасадор Лудва 

(21.04.2022 год.) На денешната протоколарна средба со новоименуваниот чешки амбасадор Н.Е. Јарослав Лудва муја честитав новата функција вонреден и ополномоштен амбасадор на Чешката Република во Северна Македонија.

Sredba_Nuredini_Ceski Ambasador_Ludva

Со оглед дека Република Чешка постојано ја поддржува нашата држава во процесот на пристапување кон Европската Унија,убеден сум дека поддршката за постигнување на барањата на ЕУ ќе биде посилна за време на чешкото претседателство со Советот на ЕУ.

Во разговориот се потврди ставот дека амбасадата на Чешката Република во Скопје има многу проактивна улога кога станува збор за соработка во областа на заштитата на животната средина и очекувањето таквата соработка и понатаму да продолжи особено во делот на заштита на природата и заштитените подрачја.