Средба на министерот Нуредини со албанскиот амбасадор Река

(24.07.2019г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со албанскиот амбасадор Фатос Река.

На средбата се разговарашеза досегашната успешна соработка меѓу двете држави на полето на заштита на животната средина, при што заеднички е ставот дека успешната соработка треба да продолжи.

На средбата министерот Нуредини истакна дека во наредниот период акцент треба да се стави на развивање и имплементација на проекти за прекугранична соработка, финансирани од Европската Унија, со кои би се влијаело на подобрување на состојбата со животната средина и во двете држави.