Средба на министерот Дураки со амбасадорот на Канада

(20.02.2018) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со амбасадорот на Канада во Република Македонија, Н.Е. Кетлин Чаба.

Целта на средбата беше зајакнување и унапредување на билатералните односи меѓу двете држави во сферата на заштита на животната средина.

Двете страни изразија задоволство од досегашното високо ниво на билатерални односи и подготвеност за продлабочена соработка.