Средба на Министерката Шукова со претставници на акцијата „Боренка” и „Хрватски шуми” – подружница Сплит

Mинистерката за животна средина и просторно плaнирање Kaja Шукова, во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање одржа координативен состанок со претставници на акцијата „Боренка” и „Хрватски шуми”- подружница Сплит.

Средба на Министерката Шукова со претставници на акцијата Боренка и Хрватски шуми-подружница СплитКлиматските промени се глобален предизвик со негативни последици, покрај останатото и врз шумските екосистеми.Токму повторното пошумување, преку спој на едукација и волонтеризам, се главните постулати на работата на „Боренка” – најголема волонтерска акција во Европа од оваа сфера, која започнува да се имплементира и во нашата држава.

2 (1)Министерството за животна средина и просторно планирање, препознавајќи ја важноста на партнерството и здруженото дејствување, преку „Сојузот на извидници” е партнер на оваа меѓународна активност „БОРЕНКА – нацртај го своето дрво”, со цел институционална поддршка во промовирање и давање експертиза во реализација на целите на акцијата.