Со доделување на 13 гранта, ЦНВП почнува соработка со локалните заедници од Полошкиот и Мавровскиот регион

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска присуствувaше на настанот на кој Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (ЦНВП), потпиша договори со 13 добитници на грантови, во рамки на проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи“, кој финансиски е поддржан од фондацијата Фонд за природа Преспа-Охрид (ПОНТ).

1 zamenik grantoviСо тоа и официјално беше одбележан почетокот на соработката помеѓу ЦНВП и локалните заедници на територијата на Националниот парк Маврово и Националниот парк Шар Планина.

2- Драго ми е што проектот за одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шара и Албанските Алпи, ќе се имплементира регионално. Искрено се надевам дека преку обезбедената поддршка на локалните заедници ќе се иницира социо-економски развој во Полошкиот и Мавровскиот регион, и ќе им се обезбеди директна поддршка на локаните невладини организации, заштитени подрачја, општини, мали и средни претпријатија и други локални заедници кои делуваат во регионот“, истакна заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска во поздравното обраќање, потенцирајќи ја важноста на поддршката и соработката на сите релевантни чинители на регионално ниво во постигнување на одржливото управување со заштитените подрачја кои ги делиме со соседните држави.

3Грантовите беа доделени за проекти со кои се промовира прегугранично одржливо управување со природните ресурси и развој на туризам заснован на природата, што ќе овозможи подобар живот на граѓаните од регионот во хармонија со природата.

4