Состанок со претставници од Македонската асоцијација за цврст отпад (MaSWA)

Денес се одржа средба со претставниците на Македонската асоцијација за цврст отпад (MaSWA),  на која се дискутираше за претстојната меѓународна конференција што ќе се одржи во Скопје на 29 и 30 мај 2023 година под наслов „Имплементација на кружна економија во управувањето со цврстиот отпад“.

Состанок со претставници од Македонската асоцијација за цврст отпад (MaSWA)Целта е да се даде фокус на создавање на одржлив систем за управување со отпадот, преку селектирање, соодветно отстранување, рециклирање иповторна употреба на отпадот, согласно принципите на кружнатата економија.  Ова е всушност и главен фокус на Македонската асоцијација за цврст отпад (MaSWA) која годинава бележи 10 години од основањето. MaSWA е здружение на повеќе од 30 компании, невладини организации и индивидуални експерти од повеќе области кои работат во сегментот на одржливо управување со отпад во Р.С. Македонија, а воедно е и национална членка на ISWA – Меѓународната асоцијација за цврст отпад. Користејќи ја својата експертиза и искуство и веќе применета позитивна пракса, MaSWA преку своите активности се стреми да придонесе кон создавање на одржлив систем за управување со отпад, преку поттикнување на поголема примена на принципите на кружната економија.

Годишната  конференција е од меѓународен карактер, и на неа покрај домашните, учество ќе земат и меѓународни експерти како и претставници на ISWA. Во насока на вклучување на сите релевантни засегнати страни во овој процес, на конференцијата ќе учествуваат и претставници на централната и локалната власт, компании, претставници на бизнис заедницата и науката од земјата и невладиниот сектор.

На состанокот со министерката Шукова се разговараше и за потпишување на меморандум за соработка, како би можеле во иднина заеднички, бизнис заедницата и регулаторите да настапуваат во исполнувањето на целите за одржливо управување со отпадот.