СООПШТЕНИЕ ЗА ТЕРМИНОТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ИСПИТОТ ЗА УПРАВИТЕЛ СО ОТПАД

Почитувани, поради зголемениот број на пријавени кандидати, Ве информираме дека првиот (теоретски) дел од стручниот испит за управител со отпад ќе се одвива во два дена, односно на 5 и 6 октомври 2022 година.

Распоредот на лицата кои ќе полагаат на 5 октомври е веќе достапен, додека распоредот за 6 октомври ќе биде дополнително објавен на веб страницата на МЖСПП, а кандидатите ќе бидат навремено известени.

Секој кандидат со себе да носи документ за лична идентификација.

*Кандидатите кои се известени за дополнување на барањето за полагање на испитот, потребно е да ги достават документите кои недостасуваат во апликацијата најдоцна до 03.10.2022 (понеделник) до 12.00 часот, на 7 кат, канцеларија А25, во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Доколку не ја комплетираат документацијата, барањата за полагање на испитот ќе бидат одбиени.