Соопштение до јавност Програмата на Унијата „Живот“ (LIFE) за заштита на животната средина и климатски активности

Ве известуваме дека МЖСПП, преставуванo од министерката Каја Шукова, ќе пристапи кон потпишување на Договор за учество во Програмата на Унијата „Живот“ (LIFE) за заштита на животната средина и климатски активности, помеѓу Европска Унија и Северна Македонија. Истото беше одлучено на 149-та седница на  Владата одржана на 25 април 2023 година.

2За прв пат Република Северна Македонија,  со потпишувањето на Договорот за учество во Програмата LIFE, ќе обезбеди отворање на нови можности за аплицирање за проекти кои ќе ја подобрат нашата животна средина и ќе придонесат кон борбата против климаксите промени. Договорот за учество на нашата држава во Програмата на Унијата „Живот“ (LIFE) за заштита на животната средина и климатски активности ќе се потпише во текот на 2023 година, со временска рамка од 2023 година до 2027 година. За учество во програмата во дадената временска рамка, МЖСПП ќе обезбеди соодветна финансиска контрибуција за користење на оваа програма за секоја година.

Програмата на Унијата „Живот“ (LIFE) поддржува проекти од следниве области: Природа и биодиверзитет, Кружна економија и квалитет на живот, ублажување и адаптација на климатските промени, транзиција на чиста енергија. Подетално инфо за сите области можете да најдете на веб страницата за Програмата на Унијата „Живот“ (LIFE)  LINK или на социјална мрежа facebook LINK

Европската комисија согласно својата Повеќегодишна програма за работа за Програмата „Живот“ (LIFE) 2021-2024,  објавува соодветно повици за аплицирање за проекти за кои соодветно треба да се следат на нивнатавеб страница LINK.

Апликантите кои ќе аплицираат на повиците за Програмата на Унијатa „Живот“ (LIFE) во 2023 година, првенствено ќе бидат евалуирани од страна на независни ЕУ евалуатори. Оние апликанти кои ќе бидат избрани, ќе бидат во можност да склучат договор за проекти. Согласно насоките од Еврoпската комисија, сите кои аплицирале пред 2023 година, а биле позитивно евалуирани, нема да можат да склучат договор за грант бидејќи програмата ќе биде ефективна од 2023 година. Истите се охрабруваат повторно да аплицираат на повиците на Програмата LIFE.

Ве известиме дека МЖСПП наскоро ќе организира и Инфо денови каде во детали ќе се објаснат целиот процес за аплицирање кон Програмата на Унијата „Живот“ (LIFE).