Се одржа јавна расправа за нацртот за изменување и дополнување на водостопанската основа на РМ за акумулација „Јагмулар„

1(21.09.2015г) Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, денеска, во просториите на Стопанска комора, ја отвори јавната стручна расправа занацртот за изменување и дополнување наводостопанската основа на Република Македонија за акумулација „Јагмулар„ на река Брегалница, при што на истата беше претставена Нацрт верзијата.

Имајќи ја во предвид важноста на проблематиката со која се соочува овој регион, министерот Изаири, истакна дека, освен во рамките на законските обврски, денешната стручна расправа се организира и со намера да се изработи документ со колку што е можно поголем квалитет во кој ќе бидат вклучени стручните согледувања и потребите на сите засегнати субјекти.

Во своето обраќање тој додаде:

- Водостопанската основа како документ се донесува на целата територија на државата со цел интегрирано планирање и спроведување на програмите и мерките за развој на водите а во согласност со националниот развој и усогласеност на економскиот развој и социјалниот напредок. Постоечката Водостопанска основа на Р. Македонија како документ од 1976 година, повеќе неможе да ги исполни горенаведените критериуми за која цел и се донесува, потребно е да се изработи нова поради правилно искористување на водниот потенцијал. За таа цел до Министерството се обрати општина Штип и Јавното претпријатие за државни патишта кои побараа измена и дополнување на Водостопанска основа на Р. Македонија за повеќенаменската акумулација Јагмулар, со коj се планира водоснабдување на градот Штип со околните села, наводнување на 900 ха земјоделско земјиште, енергетско искористување и заштита од поплави во низводниот дел. Планирана e со лoкација во долината на река Брегалница на 25 км од вливот со реката Вардар, односно на 18 км низводно од градот Штип.

Бидејки од изработката на Водостопанската Основа на Р.Македонија изминати се повеќе од 40 години, променети се хидролошките податоци кој битно влијаат за развој на водостопански објекти, променети се потребите на водокорисниците и нови осмислувања на изработката на урбанистичките плански документи кој доведоа до неминовна потреба од измена на параметрите на акумулацијата Јагмулар. Заради реализација на изградбата на експресниот пат А4 делница Штип-Радовиш, Јавното претпријатие за државни патишта изработи Нацрт верзија за измена и дополна на Водостопанската основа на Р. Македонија од 1976 година за акумулација Јагмулар на река Брегалница. Изработувачот Градежен институт Македонија врз основа на постојна техничка документација, геодетски подлоги, добиени мислења од засегнатите општини, потребите на водокорисниците и земени хидролошки податоци за период од 1961- 2010 година предложи алтернативно решение кое треба да ги задоволи сегашните потреби на сите корисници и овозможување на изградбата на експресниот пат А4 делница Штип-Радовиш.