Се одржа состанок на Управувачкиот комитет на проектот „ЕУ за чист воздух“

Денеска се одржа вториот состанок на Управувачкиот комитет на проектот „ЕУ за чист воздух“, што го имплементира Канцеларијата на ОН за проектни услуги – УНОПС во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, чија цел е да придонесе за намалување на емисиите на загадувачките супстанци во воздухот во четирите општини Битола, Куманово, Скопје и Тетово.

1 Се одржа состанок на Управувачкиот комитет на проектот „ЕУ за чист воздух“На состанокот беше презентиран прогресот на проектот во изминатите три месеци, а  министерката Шукова во своето обраќање истакна дека овој проект е од исклучителна важност во справувањето со загадувањето на воздухот во нашата држава.

2 Се одржа состанок на Управувачкиот комитет на проектот „ЕУ за чист воздух“Таа порача дека само со вклученост на сите релевантни институции на централно и локално ниво и со заеднички пристап можеме успешно да ги реализираме зацртаните политики во животната средина и да постигнеме видливи резултати. Нејзините очекување се дека позитивните искуства од проектот ќе се пренесат и во другите општини во државата.

4 Се одржа состанок на Управувачкиот комитет на проектот „ЕУ за чист воздух“