Рехабилитација на деца во Крушево, Бегова Корија

Zamenik1(02.09.2016г.)Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски ги посети деца кои се наоѓаат на климатска рехабилитација во Крушево во одмаралиштето Бегова Корија. Министерството за животна средина и просторно планирање веќе 15 години по ред, финансиски ја подржува активноста на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес за обезбедување на климатска рехабилитација на деца кои боледуваат од болести на респираторниот систем, анемии, алергии и слично како последица на енормното индустриско загадување.

Активноста се реализира во согласност со Програмата на Министерството и е во правец на отстранување на последиците од историското загадување и се однесува за деца кои живаат во Велес, с.Осломеј, с.Возарци, с.Миладиновции Тетово во непосредна близина на индустриските капацитети ОКТА, ОСЛОМЕЈ, ФЕНИ и ЈУГОХРОМ.

Ова година Министерството ги покри финансиските трошоци за еднонеделен престојна 170 деца. Во рамките на овој проект, децата реализираат низа активности со кои се развиваат позитивни однесувања кон животната средина.