Работна посета во фабриката за производство на цемент, Цементарница УСЈЕ АД

(21.10.2019г.) Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна посета во Цементарница Усје, при што одблиску беше запознаен со работата на фабриката по однос на исполнувањата на еколошките регулативи. Преставниците од фабриката Усје одржаа презентација за процесот на производство, применетите најдобри достапни техники за редукција на концентрациите генерирани во текот на процесот на производство, како и се оствари посета низ самиот погон на производство.

Тема на состанокот беше А-Интегрираната еколошка дозвола, која Цементарница УСЈЕ АД ке ја добие до крајот на следниот месец (премин на А-Дозвола за усогласување со оперативен план во А-Интегрирана еколошка дозвола).