Презентиран техничкиот дизајн на пречистителната станица за Скопје

Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, заедно со градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и амбасадорката на Франција во Македонија Н.Е Лоренс Оер, присуствуваа на работилницата на која се презентираа и дискутираа активностите поврзани со Техничкиот дизајн на пречистителната станица за третман на отпадни води за Град Скопје и можностите за спроведување и управување на проектот преку различни форми на Јавно приватно партнерство.

Анализите и презентацијата се изработени во рамките на Студијата за финансирање, изградба и работа на пречистителната станица за отпадни води на Град Скопје која е финансиски поддржана од Фондот за студии и помош во приватниот сектор – ФАСЕП и Француската Влада.