Поддршката на ПОНТ се проширува на другите заштитени подрачја во државата

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова заедно со стручниот тим на Министерството оствари работна средба со директорката на Фондот за природа за Охридско-Преспанскиот регион (ПОНТ) Мирјам де Конинг. На состанокот Шукова ја истакна важноста и придобивките од воспоставување на Охрид- Преспа фондот за природа во правец на  обезбедување долгорочно финансирање за заштита, зачувување и одржливо управување со биодиверзитетот, како и за концептот на екосистемски услуги во регионот на Преспа- Охрид и во заштитените подрачја НП Шар Планина и НП Маврово, во корист на природата и на луѓето кои живеат во овој регион.

Поддршката на ПОНТ се проширува на другите заштитени подрачја во државатаБеше потврдено од двете страни дека сите активности кој ќе се фининсираат со ПОНТ треба да бидат во корелација со Плановите за управување на заштитените подрачја како и Националната Стратегија за заштита на природата (2017-2027) со Акционен План и Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период 2018-2023 година.

ПОНТ е основана во 2015 година со средства од Фондацијата МАВА  и германското Министерство за економска соработка и развој (BMZ), која работи преку KfW Development Bank за да ги поддржи зголемените еколошки потреби на регионот Преспа – Охрид  за зачувување на природното наследство.