ПОДГОРИЦА: Потпишан меморандум за соработка во заштитата на животната средина и одржливиот развој меѓу Република Северна Македонија и Република Црна Гора

(24.05.2019 год.) Во рамките на престојот во Подгорица, Република Црна Гора, по повод одржувањето на прва Заедничка седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Црна Гора, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дуракиоствари билатерална средба со министерот за одржлив развој и туризам на Република Црна Гора, Павле Радуловиќ.

При тоа, тие потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерството за одржлив развој и туризам на Република Црна Гора, за соработка на полето на заштитата на животната средина и одржливиот развој.

Со потпишувањето на Меморандумот се зајакнува и продлабочува соработката на полето на заштита на животната средина и одржливиот развој меѓу овие две држави и се отвора можност за реализација на заеднички проекти на нашиот пат кон ЕУ.