Патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница, обрска и можност за позелен раст и развој на државата

Денеска, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со директорот на енергетската заедница, Артур Лорковски.

Патоказот за декарбонизација на Енергетската заедница, обрска и можност за позелен раст и развој на државатаНа состанокот директорот Лорковски информираше за тековните и идни предизвици на државите во регионот што, според министерските одлуки, споделуваат регионални предизвици, особено во делот на спроведувањето на Патоказот за декарбонизација и механизмот за јаглеродно прилагодување на границите (carbon border adjustment mechanism).

Со усвојувањето на Патоказот за декарбонизација во 2021 година, договорните страни се обврзаа на усвојување технички правила поврзани со мониторинг, известување и верификација на емисиите, како и развој на потребната институционална рамка која може да го олесни спроведувањето на мехнизмот за тргување со емисии на стакленички гасови (ETS) заснован на Европската шема за тргување со емисиите на сткленичките гасови. Дополнително, претстојното воведување на Механизам за јаглеродно прилагодување на границите во ЕУ во моментов предвидува можност третите земји да бидат изземени од неговата примена (во електроенергетскиот сектор) доколку се исполнети одредени услови. Тие услови вклучуваат воведување на цените на јаглеродот, како прв чекор, и имплементација на ETS со цена еквивалентна на ЕУ ETS до 2030 година.

3 (15)Министерката Шукова се заблагодари на досегашната поддршка на енергетската заедница, особено во делот на јаглеродната такса во нацрт Законот за климатска акција и истакна дека прашањето бара интеринституционален приод со почитување на принципот на праведна транзиција.