Оџаклиеска на Завршната сесија на Климатското Собрание на Скопје

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска учествуваше на Завршната сесија на Климатското Собрание на Скопје. На настанот се разговараше за се она што е постигнато досега, а повеќе граѓани на главниот град имаа можност да ги презентираат своите предлози и препораки од областите транспорт, енергетика и јавно здравје, кои ќе помогнат во справување со проблемот со аерозагадувањето во Скопје.

1 Оџаклиеска на Завршната сесија на Климатското Собрание на Скопје Заменик министерката Оџаклиеска истакна дека справувањето со загадувањето во животната средина претставува процес кој бара инволвираност и соработка помеѓу граѓаните и институциите и преземање на конкретни мерки со кои на системски начин ќе се дојде до ефикасни решенија кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите граѓани.